x

„Бомба“ од Милано: Интер го менува Конте со Симеоне!?

Анотнио Конто е пред заминување од Интер, откако сезонава не успеа да ја прекине доминацијата на Јувентус и да го донесе трофејот. Се поголеми се шпекулациите за негова смена, но проблем е што Интер ќе мора да плаќа висока сума на пари (се шпекулира со цифра од 150 милиони). Но, подоцна Конте истакна дека е подготвен да си оди доколку од клубот не се задоволни од неговата работа.

Во Италија се погласни се шпекулациите дека во Интер доаѓа актуелниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, кој воедно е поранешен играч на Интер.

Шпекулации за заминување на Симеоне има речиси секоја сезона, и на крајот не доаѓа до реализација. Сепак, Конте е само една сезона во Интер, и тешко е за верување дека веднаш ќе биде сменет. Но „каде има дим, таму има и оган“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата