x

БОМБА од Лондон: Јовиќ и Сергеј во Тотенхем!

Според пишувањата на одредени медиуми во Англија, се чини дека наредната сезона во Тотенхем ќе има мала српска колонија. Имено Жозе Мурињо побарал од раководството на Тотенхем да му се доведат Лука Јовиќ и Сергеј Милинковиќ – Савиќ. Првиот е на „тенок лед“ во Реал Мадрид, и веројатно лесно би можел да дојде во Лондон, додека за Сергеј, првите луѓе на Тотенхем ќе треба да издвојат најмалку 100 милиони евра. Интересно е тоа што Мурињо се распрашувал и за Александар Митровиќ, па така ако се биде  како што треба наредната сезона Тотенхем би бил „српски Тотенхем“. Се разбира дека сите овие комбинации би можеле да се остварат само ако лондонскиот клуб добие добри пари од евентуалната продажба на Хари Кејн.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата