x

БОМБА ОД КАТАЛОНИЈА: Гвардиола во јуни повторно на клупата на Барселона!!!

Пеп Гвардиола, во јуни, по седум години се враќа во Барселона!? Дали ова е можно, ако се знае дека во неколку наврати тој истакнувал дека за такво нешто шансите се мали.

Но како што пишуваат медиумите во Каталонија, тоа било готова работа. Пеп со Сити има важечки договор до 2021 година, но со клаузула да може да си оди во јуни. Во Барса и дефинитивно не се задоволни од Ернесто Валверде, на кого ова ќе му биде последна сезона на „Камп Ноу“.

Што се однесува од Сити, се шпекулира дека наследникот на Пеп во јуни ќе биде Маурицио Покетино, и на него му е кажано да се подготвува да го презеде тимот.

На крајот да кажеме дека Пеп во Барса беше од 2008 до 2012, освои три шампионски титули, а двапати беше и европски првак.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата