x

БОМБА: Новак станува Македонец, ќе има право да игра со Косово!

Како што дознава СПОРТМЕДИА, нашата фудбалска репрезентација во пресрет на бараж дуелите за пласман на ЕВРО 2021, ќе добие големо, супер засилување и тоа во одбраната. Имено одличниот стопер на Вардар, Евгениј Новак, во септември станува Македонец, добива наш пасош и ќе биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски, прво за мечот со Косово, а потоа и, се надеваме, за финалето. 

Новак на 1 септемврви и официјално ќе го исполни главниот услов, а тоа е да има непрекинат престој во Македонија од пет години. Тој официјално на Вардар му се придружи на 31 август 2015 година. Новак го исполнува и вториот услов, нема настап за селекцијата на Украина, има само еден и тоа за младата селекција на таа земја.

Ако се знае дека мечот меѓу Македонија и Косово најверојатно ќе се игра во октомври или ноември, тогаш јасно е дека нашата одбрана би можела да смета на големо, екстра засилување. Покрај Новак тука се и Дарко Велковски, со кого Новак заедно играше во Вардар, потоа Висар Муслиу, па Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков и др. Во секој случај Мрме ќе добие, а и Македонија, супер засилување.

Инаку Новак беше дел од Вардар од своите најславни денови. Прво освои три титули по ред и тоа во директна битка со Шкендија, потоа играше и во групната фаза во Лигата на Европа. Украинецот, а од септември и Македонецот Евгениј Новак, беше еден од најдобрите, и се уште е, во Вардар. Се менуваа во стоперскиот тандем многумина, како Грнчаров, Велковски, но Новак беше тој, најдобриот. 

Секогаш скромен, секогаш пожртвуван, секогаш победнички расположен. Искусен, знае фудбал, знае често да постигне  гол и да се снајде одлично пред противничкиот шеснаесетник. Токму тоа што ни треба во релативно младата одбрана на Мрме. 

Дефанзивец кој секогаш е на висина на задачата, никогаш не прави „киксови“ кои се својствени на дефанзивците, максимално си ја одработува звојата задача. Не сака премногу да се експонира, но затоа е тимски играч, за него тимот е пред се и над се. Со своето оогромно искуство и знаење, секако дека ќе даде голем, огромен придонес во нашиот репрезентативен табор.

Инаку Евгениј Новак е роден на 1 феврувари 1989 година, ја минува целата школа на Динамо Киев, во 2012 година прави трансфер во Севастопол, по две години станува член на Волин, за да во август 2015 доаѓа во Вардар, во Скопје, во Македонија. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата