Во печка за затоплување училница во српското основно училиште “Трајко Периќ” во косовското село Ропотово, вчера експлодира бомба. За среќа нема поврдени, бидејќи учениците се уште не биле влезени. Експлозијата се случила кога служителот го запалил огинот во печката за да ја загрее училницата. Во увидот е утврдено дека во печката имало бомба М50. Директорот Гојко Илиќ вели дека не му е јасно како можело бомба да се најде во печката, бидејќи училиштето било заклучено.