Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во Каиро, соопшти Египетското Министерство за внатрешни работи, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Експлозијата во областа Гамалија е еден од ретките такви настани во централната област на главниот град по воведувањето на безбедносните мерки под команда на претседателот Абдел Фатах ел-Сиси.

Официјални лица изјавија дека полицајците го бркале осомничениот бидејќи се верувало дека минатата недела тој поставил експлозивен уред во близина на една џамија. Во близина.на местото на вчерашниот инцидент е познатата египетска џамија Ал-Азхар.

„Додека обезбедето го опколуваше човекот и планираше да го уапси и да го стави под контрола, експлодираше експлозивен уред што го носел со себе“, објави министерството.

Човекот бил следен како дел од напорите на Министерството за внатрешни работи за пронаоѓање на сторителот зад осуетениот напад на џамија во Гиза во петокот, кога бедувањето успеало да ја деактивира направата.

извор: Makfax