Поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон не се согласува на доброволен разговор во истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп и нема да се појави пред Претставничкиот дом без судска покана.

Комитетите на Претставничкиот дом, кои ја водат истрагата, побараа од Болтон да се појави зад затворени врати следната недела.

Но, адвокатот на Болтон, Чарлс Купер, вели дека Болтон нема да се појави без судска покана, пренесува АП.

Демократите во Претставничкиот дом, наводно, издале судски покани за уште неколку сведоци, кои на крајот се одѕвале на поканите.

Пратениците сакаат да го сослушаат и Болтон, откако другите сведоци изразија загриженост за акциите на Трамп во Украина и придружните активности на Руди Џулијани, личен адвокат на Трамп.

Трамп во септември го отпушти Болтон од местото советник за национална безбедност.

извор: Makfax