Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро му честиташе на избраниот американски претседател Џо Бајден, чија победа ја потврди Изборниот колеџ.

„Честитки за претседателот Џо Бајден со најдобри желби и надеж дека САД ќе останат земја на слободните и дом на храбрите“, рече Болсонаро, се вели во соопштението на бразилското Министерство за надворешни работи.

Пораката е дека Болсонаро ќе биде подготвен да соработува со Бајден за многу прашања, вклучително и трговијата, пренесува „Ројтерс“.

Болсонаро, близок соработник на претседателот во заминување Доналд Трамп, е меѓу последните светски лидери кои му честитаа на Бајден.

извор: Makfax