x

БОЛЕСТА Е МИНАТО: Дибала од денеска се врати на тренинзи

Аргентинскиот напаѓач на во дресот на Јувентус, Пауло Дибала, започна да тренира индивидуално, објавија од италијанскиот шампион.

Дибала се врати на тренинг, само еден ден откако неговиот тест за коронавирус беше негативен.

На 6 мај, Дибала објави дека закрепнал од инфекција со коронавирусот, откако претходно, Ориана Сабатини, неговата девојка, ги негираше информациите дека тестот за коронавирус на фудбалерот повторно покажал позитивен резултат. Во март, Дибала објави дека тој и неговата девојка се заразени со КОВИД-19. Во април, фудбалерот повторно го помина тестот, што повторно покажа позитивен резултат. Потоа продолжи со карантин, за конечно деновиве целата здравствена сага околу него да се стабилизира.

Италијанските клубови почнаа со тренинзи, но се уште не е јасно дали и кога ќе може да продолжат со натпревари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата