Првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски при влезот во судницата на денешното рочиште им ги честиташе новогодишните празници на присутните новинари и јавност.

-Среќна Нова година на сите, да сте живи и здрави, рече Јовановски придружуван од затворската полиција.

Заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, денеска  сведочи на рочиштето за случајот „Рекет“.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска и се наоѓа во доказна постапка.

Досега како сведоци во судот исказ дадоа бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.