Осомничениот за рекет, Бојан Јовановски бил донесен на Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде побарал да му биде направена контрола, како подготовка за веќе закажана втора операција.

Според информациите од истражниот затвор, Јовановски побарал прегледот да му биде извршен во приватна болничка установа, но судот дал одобрување за во државната болница, каде осомничениот пристигнал со полициска придружба.

Бојан Јовановски по извршениот лекарски преглед на скопските клиники е вратен во затворот во Шуто Оризари.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го отвори предметот во кој Јовановски заедно со бизнисменот Зоран Милески-Кичеец се осомничени за рекет од 8 милиони евра.

извор: Makfax