Бенедикт Шеснаесетти изјави дека Бог е тој што му рекол да се пензионира, објави Јутарњи лист повикувајќи се на католичката информативна агенција Зенит.

Откако ја шокираше јавноста со своето повлекување Бенедикт Шеснаесетти прими само неколку луѓе во приватна посета.

На прашањето зошто одлучил да се повлече, Бенедикт одговорил: – Бог ми го кажа тоа.

Поранешниот папа, сепак појасни, дека се работи за “мистично искуство”.