Богољуб Кариќ како Мик Џегер
Богољуб Кариќ, избеганиот лидер на Движењето Силата на Србија , во моментов летува во Будва, каде со комплетната свита отседнал во хотелот со пет ѕвездички”Сплендид”. И да биде се во негов стил, тој го закупил ексклузивниот апартман од 200 квадрати, каде пред повеќе од еден месец преноќи рок-легендата и лидерот на Ролингстонси, Мик Џегер, пишува “Курир”.
“Кариќ во Бечиќи пристигна во саботата попладне, со колона возила, каква што не можат да си дозволат повеќето црногорски министри. Во негова придружба беа десетина телохранители, а забележително беше и присуството на црногорската полиција. Се беше на најголемо ниво, како кога во “Сплендид” доаѓаат Мило Ѓукановиќ или претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ”, открива изворот на “Курир”, близок на црногорската полиција.
Во хотелот “Сплендид”, пак, не сакаа ниту да потврдат, ниту да демантираат дека во нивниот “пентхаус” апартман се наоѓа Богољуб Кариќ. “Тие информации не можеме да ви ги дадеме”, изјавила љубезната слжбеничка од хотелот “Сплендид”. Ниту Небојша Томиќ, претседател на белградскиот одбор на ПСС, не знаел каде моментално му се наоѓа шефот.
Јавна тајна е дека Кариќ, и пред пристигнувањето во Будва, и покрај потерницата од Интерпол, уживал заштита од црногорската власт. Медиумите порано пишувале дека е виден во Тиват, каде неговото семејство има голем имот. Кариќ во Тиват минатото лето, се обидел да отвори и ТТВ “Бо-Ка”, но тој проект бил прекинат од непознати причини.