x

Богдан Богдановиќ оди во Милвоки?

bogdan-bogdanovic

Српскиот кошаркарски репрезентативец Богдан Богдановиќ веројатно нема да остане во Сакраменто Кингс туку ќе ја смени средината. Богдановиќ може да стане соиграч на Јанис Адетокумбо во Милвоки Бакс, пишува „The Athletic“.

Оваа есен српскиот кошаркар стана ограничено слободен агент што значи дека Кингс можат да го задржат само доколку ја изедначат секоја понуда на друг клуб. Меѓутоа, Бакс ќе се обиде да го донесе Богдановиќ и со тоа да ја засилат екипата околу Адетокумбо и Крис Мидлтон па со тоа да атакуваат на шампионски прстен.

Минатата сезона во НБА Богдановиќ одигра 61 меч, а на 28 беше стартер. Во просек постигнуваше по 15 поени, со 3,4 фатени топки и исто толку асистенции.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата