Богдана Родиќ, од денеска Ражнатовиќ во тек на денот и на црковното венчавање носела венчаница во која нејзината свекрва Цеца се омажила за Жељко Ражнатовиќ Аркан, а за граѓанското венчавање се одлучила да се пресоблече.

Втората венчаница исто така во стил на принцеза, доста раскошна но наместо ракави имала бретели. Венчаницата била прекриена со кристали и цветчиња.

Додека сите коментирале колку е убава, се дошло до сознание од кое многумина ќе ги интересира, која е цената на венчаницата.

Богдана била скромна па венчаницата ја изнајмила за 1.300 евра.

Оваа венчаница е втора која невестата ја облекла, а како се шпекулира ќе има три, каде што се очекува да се види и последната која ја одбрала.