Богатите деца со авион – другите со автобус!
Учниците на два четврти класа од сплитското основно училиште “Меје” наскоро, најверојатно на конкретен и пластичен начин ќе откријат дека парите го вртат светот: На четиридневна екскурзија во Загреб, половината од нив ќе одат со авион, а другите се знае – со автобус!
За апсурдноста на овој непедагошки потфат биде целосна,треба да се нагласи дека половината без привилегии, со автобусот ќе мораат да тргнат порано за навреме да стасаат до загрепскиот аеродром “Плесо”, каде што треба да ја пречекаат останатата “десетгодишна господа”. На ова антипедагошко “класно” (статусно) патување предупредија револтираните родители кои испратија протесни писма до сите можни инстанци во градот и земјата.
“Не знам кои се тие педагошки мерки и кое оправдување може да се најде за сознанието дека децата уште од најрана младост ги ставаме во ситуација да се чувствуваат помалку вредни од другите” – вели еден родител.