Милан Топалковиќ Топалко е во центар на внимание откако ја видел фотката на неговата ќерка и мажот на една позната водителка, каде што таа му лежи на рамо додека на аеродром чекаат авион.

По овој повод се огласил пејачот и им одбрусил на сите “кои се обидуваат од неговото семејство да направат реалити“.

Меѓутоа работите да бидат уште посмешни, и самиот Топалко својата жена ја изневерувал па не е ни чуди одбраната на неговата мезимица.

Како за потсетување, 2015 година пејачот медиумите го поврзувале со Атина Ферари, меѓутоа некое време како да се смирил.

А како се шпекулирало тогаш, пејачот ја криел својата врска со натпреварувачка во ЅГ Лилјана Савиќ од Нови Сад.

Се запознале на една приватна забава во Белград и од тогаш не се двоеле. Топалко секој слободен момент го поминувал во нејзиниот стан во Нови Сад, а тој сите свои врски ги активирал за да изгради кариера.

Како и да е откако се разоткриени тајните за изневерувањето на Топалко како и за неговата ќерка која ништо не е поразлична од нејзиниот татко, останува констатација дека за оваа приказна ќе следи продолжение…