Девојка од Велика Британија заработи вистинско богатство од почетокот на пандемијата, благодарение на нејзиниот британски акцент.

Оливија Бланко, имено, заработува преку платформата Онли фанс. Имено таа се преселила од Лондон во САД во март годинава и оттогаш заработила околу еден милион фунти или околу 1,1 милион евра.

Таа има околу 560 000 следбеници и редовно споделува предизвикувачки фотографии, но како што рече, започнала да заработува големи пари само кога, претежно Американци, почнале да и барааат да зборува.

Секако, не станува збор само за акцентот, туку и за тоа што се кажува – главно провокативни работи.

– Тие го сакаат мојот акцент овде во САД. Фановите секогаш бараат видеа во кои јас само зборувам. Што можам да кажам – блудниците не можат да се наситат. Можеби еден ден ќе започнам да снимам аудио книги, изјави таа за британски Сан. 

Таа додаде дека нејзиното семејство нема ништо против она што го работи, па дури и дека нејзината мајка сака да се вклучи во тој бизнис. Како што вели, во моментов нема партнер и среќна е, а мажите најмногу ги одбива затоа што штом ја видат, сакаат само секс.