Растењето во луксуз со богати и славни родители понекогаш може да биде меч со две острици. Кога ви се чини дека се ви е дозволено затоа што родителите ви се познати фаци, тогаш ретко кога умеете да поставите граница. Ова се синовите на познати холивудски глумци кои ги посрамотиле своите родители.

Честер Хенкс

Честер Хенкс, познат како Чез Хејз, син на славниот холивудски глумец Том Хенкс, од свои 16 години се бори со зависноста од дрога и до сега неколку пати бил на клиниките за одвикнување.

Активен е на друштвените мрежи, каде предизвикува котроверзни реакции затоа што често дели фотографии на кои позира со оружје. Тој, исто така, се занимава и со музика, а песните кои ги снима се со расистички пораки.
Неодамна направил инцидент во Лондон, кога ја демолирал хотелската соба во која претстојувал, што покажува дека неговиот татко Том одамна нема влијание на него, а кога станува збор за неговите родители, младиот Хенкс велел дека никогаш тие не биле строги.

Индио Дауни

Синот на Роберт Дауни Џуниора по се изгледа дека тргнал по стапките на својот татко. Прославениот глумец Роберт Дауни Џуниор со години се бореше од зависноста со дрога, а неговиот син од првиот брак Индио пред повеќе од година е уапсен поради поседување на кокаин.
Самиот Роберт никогаш не криел дека неговата зависност негативно влијаела на неговиот син Индио.

Почнав да се дрогирам многу млад и тоа со својот татко кој беше режисер, а Индио, кој порасна во таква средина и со мојата борба против пороците, тргна по мојот пат. Знам како да му помогнам, затоа што јас веќе го поминав тоа”, раскажал актерот.

Рејмонд О’Нил

Синот на покојната глумица Фара Фосет и холивудската легенда Рајан О’Нил, Рејмонд О’Нил има подебело полициско досие. Апсен е многупати заради поседување дрога и носење на оружје, а затворската казна за некакво чудо ја има избегнато.
За проблематичното семејство О’Нил се знае апсолутно се, нема член од семејството кој не ја пробал дрогата и алкохолот, но најногу главоболки на ова семејство му направил токму Редмнонд.
Неговата сестра Тејтум О’Нил изјавила своевремено дека Рејмонд е тежок наркоман на кој веќе никој не може да му помогне.

Не верувам дека уште долго ќе живее ако продолжи вака, неговиот очај ми го кржи срцето”, рекла сестрата на Рејмонд.

А главниот виновник за ваквите случуавања во семејството е всушност Рајан О’Нил, кој на својата ќерка Тејтум и нудел кокаин за да ги намали килограмите.

Камерон Даглас

Камерон Даглас, син на прославениот холивудски глумец Мајкл Даглас, веќе петта година ја издржува затворската казна поради продавање дрога.
Синот на Мајкл Даглас добил казна од седум години затвор, а за него пред две недели прозборе неговата бивша девојка, адвокатката Џенифер Ридха, која во својата заљубеност отишла толку далеку што криумчарела дрога за својот дечко внатре во затворот.