Според тој критериум, зад Романија е Хрватска, па Унгарија, Србија, Македонија, Словенија, Црна Гора, Бугарија и последна е Босна и Херцеговина.

Во Романија платата покрива речиси две потрошувачки кошнички, односно 1.8, во Хрватска тој сооднос е 1.60, во Македонија 1.36, додека во БиХ е 0.90.

Според висината на платата, на врвот се Словенците, втори Унгарците, а трети Хрватите.

Но според авторите на анализата, најреална слика би била онаа направена врз основа на Индексот на квалитет на живот, кој предвид ги зема не само стандардните показатели на начинот и квалитет на живот – БДП, плата, трошоци, туку и работи како што се здравството, домување, образование и политичка слобода.

Според тој Индекс, најдобар е животот во Словенија, а по неа следуваат Хрватска, Унгарија, Србија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Македонија и БиХ.