x

Блинд задржан во болница поради срцеви проблеми

Дефанзивецот на Ајакс, Дејли Блинд е префрлен во болница, каде му е откриено дека има воспаление на срцевиот мускул.

Блинд одреден период ќе помине во болница. Највројатно ќе ги пропушти подготовките на Ајакс за пролетниот дел, а не е познато кога ќе се врати на тренинзите.

Фудбалерот се огласи преку социјалните мрежи, и се заблагодари за сите за поддршката. Брзо опоравување му посака и неговиот тим Ајакс.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата