Рајан Рејнолдс и Блејк Лавли го даваат својот дел од помошта за да им помогнат на оние што се брутално погодени од пандемијата на коронавирус.

Во објавата споделена на профилите на Рејнолдс на „Твитер“ и на „Инстаграм“, ѕвездата на „Дедпул“ најави дека тој и неговата сопруга ќе донираат 1 милион американски долари на две организации кои претставуваат банки за храна во САД и Канада за време на здравствената криза, пренесува „Пипл“.

„Ковид-19 брутално се одразува на постарите лица и на сиромашните семејства“, ја почна Рејнолдс својата порака. „Блејк и јас донираме 1 милион американски долари, што ќе ги споделат Feeding America и Банката за храна на Канада“.

„Ако и вие можете да дадете, на овие организации им е потребна помош“, продолжи тој. „Грижете се за вашите тела и срца. Оставете простор за радост. Повикајте некој што е изолиран и можеби ќе треба внимание“.

Актерот се обиде да го поправи расположението завршувајќи ја својата објава со шега: (Бројот на Хју Џекмен е 1-555-?-HUGH).

„Мислам дека сите можеме да се согласиме, Ковид-19 е срање“, напиша тој во изјавата повикувајќи ги следбениците да ги посетат страниците на Feeding America и Банката за храна на Канада.

извор: Makfax