– Паркот е на површина од 20 илјади метри квадратни, каде за потребите е ископан бунар и спроведена инасталација за технолошка вода. Грѓаните кои живеат во оваа населба се презадоволни од изведбата и можностите кои се направени пред нивните влезови и балкони, информираат од општина Прилеп.

Паркот во Точила 1 беше изграден во 2014 година на површина од 23 илјади метри квадратни и со вкупна инвестиција од 12 милиони денари.

Паралелно, ЈКП „Комуналец” работи и на изведба на парковска површина во комплексот згради „Бончејца” и на изведба на маалски парк во населеното место Лагово.