ЛОНДОН, 23 ОКТОМВРИ (МИА) – Британскиот премиер Тони Блер предложил да се повлече од функцијата пред претстојните избори, ако министерот за финансии Гордон Браун ги поддржи плановите за прифаќање на еврото. Поранешната министерка за меѓународен развој Клер Шорт во интервју за весникот “Индипендент” изјавила дека двапати била повикана од Блер за да го предаде писмото на Браун, кој ја отфрлил идејата и откажал да ги стави личните амбиции пред националните економски интереси. Според министерот за финансии, Велика Британија не е подготвена да се приклучи кон зоната на еврото. Изјавите на Клер Шорт, која минатата година поднесе оставка во знак на протест поради војната во Ирак, се случуваат во момент кога продолжуваат шпекулациите за тоа кој ќе го наследи Тони Блер.