x

Блертон Шеји: Горд сум што сум дел од оваа У-21 репрезентација на Македонија!

sejli

Македонската У-21 репрезентација, утре со почеток од 18:45 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, во рамките на квалификациската група 6 ќе и биде домаќин на силната Шпанија. Селекција која е на првото место на табелата.

Дека Македонија е подготвена за добра игра, за добар резултат за СПОРТМЕДИА говори и Блертон Шеји (19), левиот бек на Струга Трим Лум кој е дебитант во нашата селекција.

Како прво да кажам дека сум горд што сум дел од оваа У-21 репрезентација на Македонија. Не кријам дека ми годи тоа што добив повик од селекторот Благоја Милевски за овие два меча со Шпанија и Ф. Острови. Искрено не очекував дека така добро ќе бидам примен од оние кои се староседелци во селекцијата, нема што, имам само убави зборови за тоа како се работи под водство на селекторот Милевски за тоа што не очекува утре со Шпанија, а потоа и со Ф. Острови. Сепак мислите ни се насочени кон тоа што ќе се случува утре на Арената во Скопје. Јасно е дека Шпанија е силна репрезентација, ние ја почитуваме, но не сме без шанси за добра игра, за добар резултат. Добро се анализирани противниците, добро сме подготвени, па ќе видиме утре што ќе биде. Јас сум оптимист, верувам дека ќе можеме да се квалификуваме на ЕП, зошто да не“ вели Шеји.

Инаку левиот бек на Струга Трим Лум иако има само 19 години важи за еден од најперспективни леви бекови во ПМФЛ, еден од најдобрите и најстандардни играчи на струшкиот прволигаш.Еве веќе тој една година е незаменлив на својата позиција во тимот.

Па, можам да се пофалам дека убаво ми оди. Секако дека како награда на моите добри игри за Струга Трим Лум дојде овој репрезентативен повик. Ми останува само уште понапорно да работам во иднина, а ако добијам минутажа на средбите со Шпанија и Ф. Острови, ќе настојувам да не разочарам“ посочи Шеји.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата