Станува збор за еден од осумте проекти од „Програмата за закрепнување на балканскиот рис” кој го спроведува Македонското еколошко друштво со локални партнери.

Главна цел на проектот е едукација на учениците за заштита на растителниот вид и негово зачувување преку проширување на постојните и стекнување на нови знаења кај учениците за Блатниот даб како вид присутен на подрачјето на Илинска и Плакенска Планина – рече Билјана Блажевска, наставник по биологија и координатор на проектот.

Блатниот даб се наоѓа на околу 1,5 километри оддалеченост од селото Слоештица. Димензиите, староста и добрата здравствена состојба, а посебно зачуваноста, придонесуваат ова дабово стебло да претставува вистинска природна реткост. Дрвото е високо 22 метри, и е едно од ретките поединечни дабови стебла коешто е така добро развиено и зачувано. Се претпроставува дека вакви дрва има само околу 4 во цела РМ.

Околината на Блатниот даб е целосно хортикултурно уредена. Изградена е дрвена пристапна патека, клупи, корпи за отпадоци, на локалниот и регионалниот пат, поставени се големи информативни табли.

Проектот е дел од „Програмата за закрепнување на балканскиот рис” којшто Македонското еколошко друштво заеднички го спроведува со еколошки друштва од Албанија, Швајцарија, Германија и фондацијата МАВА од Швајцарија.