Македонија ја доживува најтешката здравствена и економска криза, најдолгиот полициски час, граѓаните затворени во своите домови стравуваат од коронавирусот, а екс-премиерот и лидер на владејачката СДСМ, Зоран Заев, кој беше и во самоизолација, денеска се вози на мотори со придружба. И додека се вози приватно државата му плаќа куп полицајци да го пазат, да не падне или да не се настине.

Заев, како што објавија повеќе медиуми, денеска во Берово го возеше својот скап мотор, а имаше и придружба.

Како што објави порталот Курир Заев бил придружуван и заштитуван од државно обезбедување. Ваквата постапка не дава добар пример за граѓаните на кои секојдневно им се труби да не се собираат во групи, да седат во своите домови и да ги почитуваат мерките на Владата за епидемијата со коронавирусот.