x

Бламажа: Барса нема пари за плати, а Нејмар може да дојде само ако трансферот е бесплатен!

kamp-nou-prazen

Одамна е познато е дека Барселона, каталонскот гигант и еден од најголемите клубови во светот е во страшна финансиска криза. Луѓето во клубот, дури сега се каат што не го продадоа Меси во Сити во летниот преоден рок. Со тие пари барем малку ќе се извлечеа од калтта, овака проблемот е страшен. Имено како што вели Карлос Тускетс, привременот претседател на Барса, до одржување на претстојните избори, клубот нема пари дури ни за исплата на платите на играчите и на тренерите. Ете, толку лоша е ситуацијата.

Тој додаде дека тренерот Куман да не очекува засилувања во зимскиот преоден рок, зошто прво мора да се продаде некој играч.

А, за тоа какви се шансите Нејмар да се врати на “Камп Ноу“, Тускетс изјавил:

За неговиот ангажман би можеле да размислиме само ако трансферот е бесплатен“ појасно од ова навистина и не може.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата