x

Блажевска: Ќе се бориме за подобар пласман, зошто да не и за место во нокаут фазата

металург-цирих-1

Металург на отварањето на групната фаза во Лига Европа ќе биде гостин на Тулуз, а во продолежние на сезоната за противник ќе ги има екипите на на Адемар Леон од Шпанија, Висла Плоцк од Полска, Чеховски Медведи од Русија и Фиверс од Австрија.

Целта е исполнета, Металург во продолжение ќе се бори за подобар пласман, претседателката Зорица Блажевска вели зошто да не и место во нокаут фазата:

Кога веќе ја остваривме целта, со пласманот во групната фаза на Лига Европа, растоварени ја очекувавме денешната ждрепка во Виена, сепак свесни дека нема да имаме ниту еден лесен противник на кој ќе можеме да “налетаме“. Сепак, задоволна сум од денешната ждрепка. Групата во која се најдовме ни носи мотив плус и можност како тим да растеме од натпревар во натпревар. Како и досега, сите заедно ќе се бориме за што подобри игри, резултати, а со самото тоа и за што подобар пласман, а зошто не и за пласман во нокаут фазата“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата