x

Благо Георгиев во вторник доаѓа да го “земе“ Вардар, жалба и нова битка за лиценца

 

Има надеж за спас на Вардар! Ова стана јасно откако во текот на денешниот дел се „испеглаа“ дел од препреките кои се појавија помеѓу актуелната и управата во најава која сака да го превземе раководењето со најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.
СПОРТМЕДИА дознава дека Благо Георгиев во вторник доаѓа на финални преговори за превземање на клубот. Бугарскиот екс фудбалер и претставник на странски конзорциум прифаќа да ги исплати долговите кон играчите во висина од 2.1 милиони евра. По негово барање,  а преку неговиот застапник Славчо Ѓорѓиевски Тупан денеска ФК Вардар поднесува жалба до ФФМ и УЕФА со која клубот се враќа во игра за добивање на лиценца за настап во квалификациските кола од Лигата на шампионите. Во вторник треба да бидат подмирени сите долгови, а со тоа и да се обидат потенцијалните нови сопственици на клубот да добијат право за настап на евро-сцената.
ФФМ премногу долго ги чекаше документите од ФК Вардар кои не пристигнаа со потребните факти и трансакции за исплата на долговите кои изнесуваа 2.036.000 евра! Лиценцата на Вардар не му е доделена а истото е потврдено и на денешниот последен состанок на лиценцната комисија.
Поради големината на проблемот и поради хаосот во светот, поради коронавирусот постои минимална шанса за средување на работите во Вардар иако таа мисија ќе биде тешка и за која потребни се добри конекции со Нион.
И додека преговорите се во тек, додека се ангажирани адвокати, градоначалници… фудбалерите на ФК Вардар попладнево се собраа во базата во Хиподром (без управата), каде имаа заеднички ручек и разговор околу иднината на клубот. Дознаваме дека Благо Георгиев е на линија со некои од фудбалерите кои на останатите им пренеле да се сочека до вторник и да се има трпение.
Потерата по играчите на Вардар од други клубови и менаџери е актуелна во последниве неколку месеци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата