x

Благоја Милевски: Треба да бидеме горди на постигнатото во овој циклус!

bobi-antalija

По завршување на средбата со Црна Гора, во која нашите надежи славеа со 2:1, селекторо Благоја Милевски ја даде следната изјава. Да кажеме претходно дека ние групаата ја завршивме на второто место, што секако дека е успех.

Со тоа се сложува и селекторот.

Што да се каже после еден ваков натпревар, после еден ваков одигран циклус. Момците покажаа дека имаат не само квалитет и потенцијал, туку дека имаат еден фактор плус. За жал, штета за оваа генерација која остана без барем плеј – оф за пласман на ЕВРО 2021. Голема штета, но треба да бидеме горди на тоа што момците го покажаа во овој циклус. Секако дека не е мала работа да освоиш 18 бодови во оваа група со такви противници. Ние базата ја направивме уште пред три години, ова ќе биде со дел од некои играч, ќе биде само дополнување на таа база, која ете дава резултат и на сениорско ниво. За денешниот меч да кажам дека после оној шок што ни беше приреден со лажно позитивните тестови на Ковид-19, нели имавме вкупно 11 играчи и членови на стручниот штаб. Но од тој шок се повративме, а овие момци кои денеска играа покажаа дека имаат квалитет, иако дел од нив досега беа со помала минутажа во циклусот. Бевме далеку подобар противник, но да бидеш во оваа група најефикасна екипа во моментов, не знам како ќе заврши сега мечот Шпанија – Израел, сметам дека треба да бидеме горди на постигнатото“ изјави Милевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата