Најголемата бугарска атракција Гергана Георгиева Кацарска постојано предизвикува интерес во јавноста и тоа од неколку причини. Едната е тоа што таа на 17 март ќе има свој солистички настап во дискотеката “Ла фабрик”. Другата е поради тоа што е голем поборник против пластичните операции и силиконите, третата – си купи пудлица која ја нарече Фифи, четвртата – најмногу пари троши за долна облека, петтата… Кога зборува за нејзината кариера, нема прашање на кое не сака да одговара, ама ако навлезете во “ресорот срце” ќе ви одговори: “Не сакам моите емоции да ги изнесувам во јавноста. Само можам да ви кажам дека сакам момче, кое ќе ме сака и ќе го прифати светот во кој јас живеам” – и тоа е се. Потоа ни нагласи дека во овој момент одмара, собира инспирација и дека периодот и е таков кога сака малку да слуша музика и да ужива во неа. За својот настап во Скопје таа одговара: Во Македонија имам настапувано неколку пати, а последниот мој настап беше во Велес, и си поминав многу добро. Публиката ги знаеше сите мои песни, а се надевам дека истото ме очекува и во Скопје. Гергана досега има издадено два албума “Те губам бавно” и “Како никој друг” направено преку десетина спотови и преку шестотини настапи. А, за тоа колку се заработува и како се живее од музиката Гергана искрено одговара: -Не можам да се пожалам. Не претерувам и не барам премногу високи хонорари за моите настапи, па можеби и затоа толку често пеам. Не сум роб на парите и марките. Точно е дека најмногу ги трошам на долна облека. Сакам секси и свилена долна облека во која пред се ќе се чувствувам пријатно. Освен за долна облека многу пари трошам на излегување и незаборавни одмори, но затоа и ги заработувам. Негираше дека има ставено силикони: додавајќи: “Задоволна сум од мојот изглед и ништо не би променила на себе. Тренд е во Бугарија да се ставаат силикони, меѓутоа јас имам некаков отпор кон нив.” Гергана е голем љубител на фудбалот. Нејзиниот татко е тренер на фудбалски клуб, па можеби оттаму и нејзиниот голем интерес кон фудбалот. Обожавам да гледам фудбалски натпревари, а една од моите најголеми желби е да отидам на на некој натпревар на Реал Мадрид. Моја голема симпатија е Дејвид Бекам. Со задоволство би му ја стиснала раката во соблекувалната. Патем да кажеме дека минатата година Гергана стана заштитно лице на модната колекција “Унона”, таа има потпишано договор со музичката продукцијата Паинер, кои моментно работат на нејзиниот најнов албум.

Псевдоним: ГЕРГАНА
Име: Гергана Георгиева Кацарска
Датум и место на раѓање: 30.11.Димитровград
Хороскопски знак: Стрелец
Коса: руса
Висина: 160 см.
Прв хит: “Те губам бавно”
Издадени албуми: “Те губам бавно”, “Како никој друг”
Омилен цвет: роза
Начин на облекување: спортски
Омилено јадење: шпагети
Омилена музика: фолк
Омилена пејачка: Кристина Агилера
Омилен актер: Киану Ривс
Омилено животно: коњ
Автомобил: “мерцедес СЛК”
Тип на мажи: магични, тешко достапни
Девиза: Сакај да те сакаат
Детска желба: Да стане пејачка