Фудбалската репрезентација на Македонија се најде на насловните страници на многу спортски медиуми, по вчерашната победа на Грузија и историскиот прв пласман на Европско првенство.

За историскиот подвиг на Пандев и другарите во рамките на Лигата на нации простор одвои и британскиот Би-би-си.

Во својата сопортска рубрика Би-би-си објави статија во која кратко се објаснува патот на македонската репрезентација до ЕП, како и групата во која ќе играат нашите фудбалери.

На „Фејсбук“, пак напишаа: „Погледнете што ова значи за нив. Еве зошто постои фудбалот“.

Just look what it means! This is what football’s all about. ?

Posted by BBC Sport on Четврток, 12 ноември 2020

Британците го нагласуваат и погодокот на капитенот Горан Пандев:

„На својот 115-ти настап за репрезентацијата, 37-годишниот Горан Пандев го постигна голот што ќе ја испрати Северна Македонија на нивното прво големо натпреварување.

Дефинитивно, најголемата вечер во фудбалската историја на земјата!“

Making his 115th appearance for his national side, 37-year-old Goran Pandev has scored the goal that will send North…

Posted by BBC Sport on Четврток, 12 ноември 2020

Следното лето македонските фудбалерив во групата Ц од Европското првенство ќе се соочат со Холандија, Украина и Австрија.

извор: Makfax