Сафет  Бишавец во своето гостување во емисијата „Само вистина“ зборуваше за отпочнувањето на преговори на Република и укажа дека по еден таков пораз кој се случи деновивена Република Македонија оваа влада треба да падне.

-Јас мислам дека тоа е единствениот чекор  дека владата треба да падне  кој следува по еден ваков пораз практично на политиката на владата на Зоран Заев,зошто? Еве да ве потсетам на неколку наврати Заев, Димитров, Османи беа дел од екипата и најавуваа дека преговорите ќе ги почнеме ноември, декември таа година и излезе дека всушнст ние сме далеку од тоа  бидејќи на време не сме видела какви се опасности стојат пред Македонија. Тие луѓе очигледно немале капацитет или мислеле дека со политиката која ја применуваат во државата купи ден политика дека така ќе поминат и на меѓународен план. Тоа се разбира не оди така Бугарија сепак е сериозна држава, држава со традиција и ако очекувате од нив дека тие ќе ги менуваат ставовите како што ги менува Зоран Заев тогаш или не ја познавате Бугарија или не трба да се занимавате со таа работа. Тоа е едната димензија, тоа значи дека таков пораз на политиката на Зоран Заев подразбира само еден чекор. Длабоко сум убеден дека ако некој нешто смени тоа ќе биде македонската страна и од тоа Зоран Заев не може да избега и ќе ја плати за евентуален таков договор, и тоа со оставка. Ќе каже луѓе не успеавме одиме на избори и мислам дека тоа е решение и во тој, посочи Бишавец во своето гостување.