Меѓународниот институт од Љубљана за балкански студии “Итимеси во својата најнова анализа објавена вчера оценува дека постои реална можност, БИХ по октомвриските парламентарни избори, да ја повлече тужбата против некогашната држава СЦГ. Според нив, можноста за повлекување на тужбата е уште поголема доколку за член на Претседателство на БИХ повторно биде избран Сулејман Тихиќ. Тој наводно веќе го презел првиот чекор со повлекување на барањето за преиспитување на уставноста на името на Република Српска.