Спроведувањето на планот за повраток во татковината на државјаните на Босна и Херцеговина, кои се бореле во редовите на исламистичките терористички организации во Сирија и Ирак или таму престојувале како членови на нивните семејства, е блокирано поради внатрешна расправија во БиХ, уште не е воспоставено оперативно тело кое ќе го координира и набљудува тој процес, пренесе сараевски „Дневни аваз“.

Американските власти, кои во февруари побараа од БиХ да ги преземе своите државјани заробени во борбата против силите на Исламска држава не сакаат да дозволат репатријација на тие лица, сè додека Советот на министри на БиХ не воспостави оперативно тело, кое ќе ги проверува потенцијалните повратници, за да се утврди нивниот точен идентитет и врските во БиХ.

извор: Makfax