На лицата кои доаѓаат од Италија, некои провинции на Кина, Јужна Кореја и Иран им е забранет влез во Босна и Херцеговина, соошти граничната полиција на БиХ. Граничната полиција издаде наредба со која се забранува влез на овие лица на граничните премини на БиХ.

Одлуката стапи во сила откако државниот министер за безбедност Фахрудин Радончиќ упати официјално барање до директорот на граничната полиција на БиХ, Зоран Галиќ, да постапи согласно неговите овластувања.Радончиќ синоќа нареди граничната полиција да го забрани влезот во Босна и Херцеговина од државјани од земји кои се најпогодени од коронавирусот.

извор: Makfax