x

Битолчани се преродија: И Куманово падна пред Пелистер

Пелистер фати залет под водство на новиот стратег Љупчо Малинков, го доби дерби дуелот против Куманово со 88-70 (20-16, 21-21, 28-20, 19-13) во рамките на 10. коло во Првата лига. Битолчани дојдоа до третата победа во низа, петта сезонава.

Гостите дадоа добар вовед во мечот, поведоа со 4-11, но домашниот тим врати со серија од 13-2 за 17-13. Битолчани на стартот на втората четвртина поведоа со 23-16, кон средината на овој дел од натпреварот имаа 31-23. На другата страна гостите се вратија во игра на одморот имаа негатива од 41-37, најава за вознудливо второ полувреме.

Но, вака не размислуваа кошаркарите на Пелистер, одиграа фуриозно, во 26. минута имаа водство од 63-45.

Еуроникел им се врати на победите по поразот од Куманово во минатото коло, на домашен терен ги совладаа „црвено-црните“ со 82-66. Кавадарчани дури во третата четвртина успеаја да го „скршат“ отпорот на жилавиот Вардар, овој период го добија со 19-9, откако претходно на полувремето имаа минимална предност од 44-42.

До крајот, избраниците на Горан Самарџиев само ја одржуваа позитивата за седма победа сезонава. Петровски со 18 поени беше прв стрелец, зад него беше Каплановиќ со 15.

Статистика од овој меч може да погледнете на овој ЛИНК. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата