СВР Битола поднесе кривична пријава против У.М. (30) од село Трновци, за сторено кривично дело измама. Во текот на јули 2013 година, велат од МВР, ја измамил Ј.С. (49) од Австралија, со привремен престој во Битола, да му даде 450 австралиски долари со лажно прикажување на факти дека неговата ќерка е тешко болна и дека итно му се потребни пари.