Битолчанец бил затекнат за време на полициски час надвор од својот дом, со цел да ја продолжи расправијата со лице кое живее на друга адреса во градот.

Како што информираат од Обвинителството, тој отишол до домот на другиот битолчанец, каде бил затекнат од полициските службеници, за што е предложено да му биде изречена парична казна.

Битолското обвинителство дополнително предложи казнени налози и за четири лица лица кои се движеле со возило низ градот за време на полицискиот час.

Обвинителството на надлежниот суд му предложи на сите обвинети да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска проиввредност.​​

извор: Makfax