Македонската убавина растур направи во Австралија. Во мега популарното шоу во Австралија, каде еден маж ја избира љубовта на неговиот живот од 10тина девојки по втор пат победи Македонка. Пред неколку години срцето на згодниот Австралиец, Сем Вуд, го освои Снежана Маркоска, која е по потекло од Охрид, а со семејството живее во Перт, додека завчера во истото шоу победи Иреба Србиновска од Битола.

Еве што пишуваат австралиските медиуми за нашата убава Ирена, која во трката за згодниот Локи ја победи Гркинката Бела.

Ирена Србиновска од Мелбурн победи во осмата сезона од шоуто  „The Bachelor“ (Ерген). Оваа 31 годишна медицинска сестра и официјално го освои срцето на Локи. Тој низ солзи ја донесе одлуката, и кажа на другата натпреварувачка Бела и својата љубов и ја вети на Ирена.

Локи и Ирена, фото: принтскрин инстаграм

 

„Ирена, знам дека ќе бидеш прекрасна девојка, жена, мајка, ти си цел пакет“ – и рече Локи на Македонката која му го освои срцето.

„Едвај чекам да го започнеме заедничкиот живот заедно, да го пропатуваме целиот живот заедно и да ти ги исполнам сите желби. Те сакам многу“, додаде тој.

Во прекрасен фустан со нејзините препознатливи кадрици Ирена блескаше покрај нејзиниот нов партнер

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

I got the man of my dreams and I couldn’t be happier. I love you so much @locklangilbert

A post shared by Irena ? (@irena_srbinovska) on

„Ме правиш многу среќна, уште првиот пат кога те видов можев да се замислам овде со тебе“ му рече Ирена на Локи.

Ова и му беше целта на Локи, влезе во шоуто со помисла да ја најде вистинската љубов. Тој претходно беше во брак со Џордан Кејлес која се натпреваруваше во втората сезона на „Love Island Australia’

Сега среќата ќе си ја проба со Ирена, откако ја избра за своја партнерка и и подари прекрасен прстен со кој и ја вети својата љубов. Но, прстенот не е свршенички. Дали воопшто ќе дојде до таков, останува да дознаеме, пишувааат медиумите во Австралија.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Finally got this guy all to myself @locklangilbert ❤️

A post shared by Irena ? (@irena_srbinovska) on

Ирена Србиновска се истакна меѓу другите уште на самиот почеток на „The Bachelor“.

Инстантно се поврза со Локи Гилберт, по што и се очекуваше дека ќе биде фаворитот за земање на финалната роза која носи победа.

Локи и Ирена, фото: принтскрин инстаграм

Австралиските медиуми ја преставуваат Ирена како убавица со остар ум. Таа е Македонка, а нејзините корени несомнено се длабоко зацврстени во културата од оваа југоисточна европска земја.

Во снимките од посетата на нејзиниот роден град може да се види колку ужива во македонската култура со нејзиното семејство.

Локи и Ирена, фото: принтскрин инстаграм

Нејзиното потекло ја поврзува со друга учесничка од ова шоу, а тоа е  Снежана Вуд, која исто е Македонка, а победи во претходните сезона на шоуто. Македонскиот шарм очигледно ги води кон победа

Ирена брзо остави впечаток на Локи откако извади стетоскоп за време на нивната прва заедничка коктел забава и го измери чукањето на срцето на Локи.

„Мислам дека слушнав како твоето срце прескокнува во ритам“, се пошегува Ирена со рацете во кошулата на Локи.

Работејќи како медицинска сестра во Мелбурн, Ирена има и грижлива страна – нешто што Локи многу го цени.

Животот како медицинска сестра е неуреден, предизвикувачки и е бесконечен циклус на работа во смени, но исто така е и најисплатливата и инспиративна работа“, рече Ирена за својата работа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ditched the ? and I’m ready for ? @thebachelorau we are back tonight 7:30 @channel10au ❤️

A post shared by Irena ? (@irena_srbinovska) on

Таа исто така ужива да минува време во природа- и како пар страствени планинари, Ирена и Локи дефинитивно изгледаат како совршени еден за друг.

Момент кога Бела дозна дека срцето на Локи ќе припадне на Ирена.