Претседателот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, Бил Николов оствари средба со Дејвид Спрул и Ендрју Тарнер, генерален директор и заменик директор на одделенито за Европски и Евроазиски Прашања на министерството за надворешни работи на Канада на која го отвори прашањето за кандскиот став по однос на македонското прашање. 

Како што беше соопштено од ММДЧПНиколов на средбата изјавил дека канадската политика на „евро-атлански интеграции“ не смее да е спроведува по цена на човековите права, меѓународното право и конвенциите за заштита на човековите права на кои Канада е потписник.

Николов на средбата го отворил прашањето за македонското малцинство во Грција, потенцирајќи дека Преспанскиот договор го редефинира нивното постоење, додавајќи дека истото се обидува сега и Бугарија, по однос на македонското малцинство на нивна територија.

Во тој контекст се осврнал и на канадскиот став по однос на меѓудржавните спорови и колку земјата се држи на страна и не се меша во истите.

Тој го посочил и бугарскиот Меморандум, и заканите за бугарско вето на патот кон ЕУ доколку не се прифатат барањата за  отстапки од македонската историја, но и идентитетското прашање.

Воедно Николов ги нагласил и протестите во Македонија против актуелната власт, како и притисоците и заканите кон политичките неистомиленици.

Николов на крајот укажал и на случаите на напади врз мирни демонстранти од страна на специјалните полициски сили и на сериозните изборни нерегуларности при неколку избори и референдумот во Македонија.