Кога станува збор за пандемијата, изјавите на Бил Гејтс станаат секојдневие. Од предвидувања за крајот, до како треба да се одвива вакцинацијата, но и донации за целиот процес да се забрза, за како светот побрзо да се врати во нормала.

Основачот на американската компанија „Мајкрософт“ и милијардер Бил Гејтс повторно проговори за моменталната пандемија и враќањето на животот.

Бил Гејтс процени дека враќањето во нормала во САД ќе трае подолго отколку што се очекуваше, иако дистрибуцијата на вакцината започна оваа недела.

Американскиот милијардер, кој активно ги искажува своите ставови од почетокот на пандемијата, процени дека целосно враќање на „стариот начин на живот“ ќе биде можно дури по 2022 година.

Гејтс посочува дека САД следното лето ќе бидат многу поблиску до нормалното отколку што се сега.

„Дури и на почетокот на 2022 година, ако не им помогнеме на другите земји да се ослободат од овие болести и ако не добиеме висока стапка на вакцинација во нашата земја, ризикот од повторна епидемија ќе постои и, се разбира, глобалната економија ќе забави, што и штети на Америка на економски план и тоа на прилично драматичен начин “, наведува тој.

Гејтс смета дека треба да продолжат забраните за големи јавни собири и тој рече дека „за жал, повеќето кафулиња и ресторани во земјата треба да бидат затворени, со цел да се потисне ширње на заразата“.

„Значи, ќе имаме некаде девет месеци, почнувајќи од летото, каде неколку работи, како големите јавни собири, сè уште ќе бидат ограничени“, наведува тој.

Тој процени дека угостителските објекти треба да останат затворени во наредните четири до шест месеци.

„Баровите и рестораните во повеќето делови на земјата треба да останат затворени за време на овој бран и во следните четири до шест месеци, сè додека ситуацијата гори“, рече Гејтс и додаде:

„Вистинско враќање во нормала е можно само по 12 до 18 месеци, доколку се направи се што е потребно за да се потисне инфекцијата.

Гејтс исто така изјави дека следните четири од шест месеци ќе бидат најлоши, кога станува збор за растот на бројот на нови пациенти и смртни случаи.

Тој изјави дека Институтот за здравствена метрика и проценка предвидува дека ќе има уште 200.000 смртни случаи во САД, поврзани со коронавирусот.