Бил Гејтс е доволно контроверзен што никој не е рамнодушен кон она што го прави: или го сакаат или не, но, исто така, богат и доволно успешен (тој е втор најбогат човек во светот) да му веруваме кога ќе рече дека знае да води бизнис.

Кога им се обрати на учениците од училиштето во Лејксајд минатата година, на кое и самиот присуствуваше, тој рече дека не може да успее во своите идеи сè додека не развие една вештина, а тоа е да се најде вистинскиот вработен за одредена работа.

Имено, како што објасни тој, делегирањето стана неопходност со растот на „Мајкрософт“ и токму затоа било важно да се најдат професионалци да го сторат тој чувствителен дел од работата, што не секој може да го направи. На почетокот, било многу тешко за него, бидејќи тој самиот програмирал сè, а исто така изведувал и добар дел од другите активности.

– Сакав мојата компанија да стане гигант и затоа морав да научам како да делегирам работа, односно како да најдам луѓе на кои им верувам. Кога успеав да го сторам тоа, можев да се опуштам – вели тој.

Меѓутоа, дури и кога тој го делел целиот товар на одговорност со другите луѓе, тој морал да остане вистинскиот лидер: да ги води, да им ги даде вистинските задачи.