Какаото е зрно плод од билката какаовец, која човештвото ја познава веќе илјадници години. Стеблото какаовец во дивината е високо околу 20 метри и живее до 150 години, додека стеблата што се одгледуваат на плантажите низ светот се високи од 5-10 метри. Стеблото на каковецот дури по пет години дава плод, а максимален род постигнува меѓу 10-25 година.