x

Билиќ му „лапна“ бод на Пеп и тоа на гости на „Етихад“ (ВИДЕО)

man-city-wba

Сосема неочекувано, Манчестер Сити не успеа да слави на домашен терен во вториот меч од 13. коло на англиската Премиер лига кој вечерва го одигра дома против ВБА. „Граѓаните“ одиграа само 1:1 против еден од тимовите заглавен во „црвенста зона“ на табелата, тим кој оваа сезона до овој меч имаше само една победа и три нерешени средби.

Сепак, Славен Билиќ и неговите момци малку на среќа, а малку и со помош на домашните, но и со одличниот голман Сем Џонстон, успеаја да ги задржат оние 1:1 од 43. минута на мечот, кога Рубен Диаз со автогол им донесе радост на ВБА.

Голот за водство на Сити беше дело на Гундоан во 30. минута. За Манчестер С. ова беше петтото сезонско реми кое го остава 5 бода далеку зад лидерите на табелата, Тотенхем и Ливерпул.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата