x

Билиќ е сменет и покрај ремито со Сити!?

939d3ac4-df57-44a3-b55d-20b1b1060ff1

Славен Билиќ по се изгледа ќе ја напушти клупата на Вест Бромвич Албион и покрај вчерашниот може да се каже сензационален нерешен резултат против фаворитот Манчестер Сити. Иако момците на Билиќ одиграа 1:1 на домашен терен, сепак очигледно дека управата на клубот ја имала донесена одлуката уште пред самиот меч затоа што речиси и никој да не очекувал освојување на бодови пред синоќешниот натпревар.

По мечот, запрашан за неговиот статус Билиќ одговори.

„Искчително сум смирен по тоа прашање. Работам напорно и искрено не ми пречат таквиот вид на шпекулации. Давам се од себе и сум среќен во овој клуб. Се понатаму не е во моја контрола. Не сакам да се оптоварувам со шпекулации тоа не е мој стил“ – изјави Билиќ.

Според англиските медиуми, одлуката за смена на Билиќ ќе биде објавена во теков на денешниот ден.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата