Децата морале да одат на училиште

Додека Ацтеките истакнувале дека родителите мора да ги подучуваат своите деца, тие, исто така, имале и задолжителна јавна едукација за сите деца. Тие имале училишта, поделени за момчињата и девојчињата. Момчињата од побогатата класа имале подобро образование. Тие учеле од свештеници за историјата, астрономијата, уметноста и политиката. Останатите момчиња, главно, ја изучувале уметноста на војувањето, додека девојчињата учеле занаети, како што се ткаење, готвење, како и останатите слични предмети кои се однесуваат на грижата за домот.

Имале единствен систем на ропство

Во оваа цивилизација било сосема нормално и вообичаено за сиромашните семејства да ги продадат своите деца како робови. Тие дури и самите се продавале како робови. Но, тие биле далеку повеќе привилегирани од повеќето робови во историјата. Можеле да стапат во брак, да имаат деца, личен имот – дури и свои робови. Робовите дури можеле и да дојдат до повторна слобода на неколку начини. Еден од нив бил да стасаат до било кој храм. Вториот е да избега од господарот и да застане на човечки измет пред да биде фатен. Само сопственикот можел да го брка и на крај со оглед дека имале лична сопственост, робовите можеле да си ја купат слободата.

Имале свое писмо

Јазикот на Ацтеките се нарекувал Н’ахуатл. Нивното писмо било составено од стотици шарени симболи кои претставуваат еден вид писмо. Така цртежот на риба е зборот риба, и така натаму… Овие симболи биле споени така да создаваат сложени реченици, а тие им биле потребни да водат евиденции (кои редовно се правеле). Ацтеките пишувале и за историјата и религиозните церемонии. Воделе евиденција за даноци, а исто така пишувале и поезија. Прво, писателите скицирале контури со јаглен, а потоа овие скици ги бојосувале со бои добиени од зеленчук, минерали, инсекти и школки. Ацтеките, исто така, имале и свои книги (Законици). Книгите биле долги ленти изработени од кожа или кора собрани како хармоника.

Ја ценеле уметноста и практикувале спортови

Уметноста на Ацтеките првенствено била застапена во религијата. Со своите уметнички дела тие најчесто им оддавале почит на боговите. Покрај тоа, уметноста е користена за комуникација во писмена форма, како и за оддавање на почест на големите воини. Тие правеле статуи од камен, од зелен жад или транспарентни кристали. Ја обликувале глината и украсувале глинени садови. Од пердуви правеле облека за благородниците и царевите. Така капата на кралот Монтезум Втори била од пердуви од дури 250 различни птици. Ацтеките практикувале и тимски спортови, особено популарна била играта наречена уламализтли. Целта била да се префрли топката преку мал прстен од камења. Топката не смеела да ја допре земјата, а играчите можеле да ја допрат само со главата, лактите, колковите и колената.

Принесувале човечки жртви

Принесувањето на човечки жртви бил составен дел на религијата на Ацтеките, како што било и во многу други општества во Новиот свет, вклучувајќи ги и Маите. Едно од централните верувања на Ацтеките било дека богот на Сонцето, постојано имал потреба од храна во форма на човечка крв. Тие жртвувале главно воени затвореници
Според историските извори, до 20.000 луѓе биле жртвувани за време на церемонијата посветена на Големиот храм во престолнината на Ацтеките Теночтитлан, односно секоја година. Луѓето кои биле жртвувани често биле изедени како дел од ритуалот. На тоа укажуват пронајдените скелети на кои се гледаат траги од заби и варење.