x

Билд: На Јунајтед му истече рокот за Санчо, замина на подготовки во Швајцарија

sanco

Борусија пред две недели на Манчестер Јунајтед му даде рок од две недели за трансфер на Џејдон Санчо, а истиот истекол на полноќ.

Како што пишува „Билд“, младиот Англичанец се врати во Дортмунд и денеска замина со тимот на кратки подготовки во Швајцарија.

Борусија беше подготвена да го продаде Санчо, со денови се пишуваше дека двата клуба да се договориле за откупната цена. Германците прво побараа 120 милиони евра, но неофицијално се согласила на 70 милиони евра плус бонуси.

Но, токму по овој последен договор, преговорите застанаа. До полноќ, Јунајтед не пратил нова понуда, па ова значи според „Билд“ дека нема ништо од трансферот, тој останува во Германија.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата