Германските медиуми пишуваат дека Берлин има намера да ги спречи приватните забави и да ја ограничи продажбата на алкохолни пијалаци во борбата против пандемијата.

Меркел неодамна предупреди дека бројот на нови дневни случаи може да се искачи на 19.200 до Божиќ. По разговорите меѓу шефовите на државите и канцеларката Ангела Меркел, се очекува германските власти да предложат низа построги ограничувачки мерки.

Според новинската агенција ДПА и весникот „Билд“, кои добија пристап до нацрт-одредбата, сојузната влада сериозно размислува за мерка со која приватните забави ќе бидат ограничени на 25 лица, или 50 на јавни места.

Во нацртот се споменува и забрана за продажба на алкохол во одредено време од денот во ресторани и барови во области со голем број на инфекции, пишува ДВ.

Нацртот на сојузната влада исто така повикува на построги мерки за следење на контактите и обезбедување точност на информациите. За време на посетите на барови, ресторани и настани, од граѓаните може да се бара во иднина да ги дадат своите лични податоци и податоците за контакти со цел полесно да го следат ширењето на инфекцијата во случај на епидемија.

Новите регулативи треба да стапат во сила само во градовите и регионите со висок процент на заразени лица, односно каде што се заразени повеќе од 50 на 100.000 жители во период од седум дена.

извор: Makfax